Кац: Го предупредив Либан дека Израел ќе го разоружа Хезболах ако Бејрут не го стори тоа

Од:

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека го предупредил Либан дека доколку не ги спречи нападите на либанската милитантна група Хезболах, Израел ќе „ја преземе територијата и ќе го направи тоа сам“.

„Го предупредив либанскиот претседател (Џозеф Аун) дека доколку либанската влада не знае како да ја контролира територијата и да го спречи Хезболах да им се заканува на северните заедници и да пука кон Израел, ние ќе ја земеме територијата и ќе го направиме тоа сами“, рече Кац на состанокот со високи израелски воени офицери, објави „Тајмс оф Израел“.

Кац рече дека тој и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наредиле на израелската војска да се подготви за проширување на своите активности во Либан и враќање на мирот и безбедноста во заедниците во северен Израел.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран