Кабул бара датум за обнова на дијалогот со талибанците до крајот на месецов

Од:

Авганистан бара до крајот на овој месец да се определи датум за обновување на директните преговори со талибанците, изјави денеска министерот за надворешни работи Салахудин Рабани за време на отворањето на новиот четиристран форум, посветен на одмрзнувањето на мировниот процес, кој е прекинат минатото лето.

Тој денеска во Кабул ја отвори четвртата четиристрана средба со учество на Кина, САД, Авганистан и Пакистан. Како и на претходните три средби, талибанците немаат свој претставник во разговорите.

– Процесот, кој започна во јануари, е добра можност за сите опозиционери да го положат оружјето и да го прекинат насилството врз народот, истакна Рабани.

Шефот на авганистанската дипломатија ги покани „сите талибански групи“ да се приклучат кон дијалогот.

Пакистан во јули минатата година беше домаќин на првите директни преговори меѓу Кабул и талибанците, но дијалогот беше брзо прекинат по информацијата за смртта на основачот на движењето мула Омар.

Би можело да ве интересира

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан