Кабинетот одлучи: Започнува окупацијата врз градот Газа

Од:

Израелскиот кабинет за безбедност го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху Израелските одбранбени сили (ИДФ) да ја преземат контролата врз градот Газа, соопшти кабинетот на премиерот.

Според планот, Израелските одбранбени сили (ИДФ) би влегле во северниот дел од енклавата, а воедно би им обезбедиле хуманитарна помош на жителите надвор од борбените зони, објави „Тајмс оф Израел“.

Операцијата би можела да бара масовна евакуација на околу 800.000 луѓе, објави „Тајмс оф Израел“.

Планот на Нетанјаху ги вклучува и таканаречените „пет принципи за завршување на војната со Хамас“, кои вклучуваат разоружување на палестинското милитантно движење, враќање на сите заложници – мртви и живи, при што околу 20 од 50-те се заробени живи, демилитаризација на Појасот Газа, израелска безбедносна контрола врз енклавата и воспоставување алтернативна цивилна влада која не е Хамас или Палестинската самоуправа.

Канцеларијата на израелскиот премиер соопшти дека повеќето министри го отфрлиле алтернативниот план на началникот на Генералштабот на ИДФ, Ејал Замир, кој се спротивставил на окупацијата поради ризикот по животите на заложниците и можните хуманитарни последици.

Градот Газа сочинува околу 25 проценти од територијата на Појасот Газа што ИДФ сè уште не ја освоил, вклучувајќи неколку бегалски кампови во централниот дел од енклавата, каде што, според израелските проценки, се држат преостанатите заложници.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна