Кабинетот на Макрон: Безос вети милијарда долари до 2030 година за заштита на животната средина и биолошката разновидност

Од:

Фондациjaта – The Bezos Earth Fund – на основачот на Амазон, Џеф Безос, вети милијарда долари до 2030 година за заштита на животната средина и биолошката разновидност, се наведува во соопштението од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Од кабинетот информираа за тоа откако претседателот на Франција учествуваше на првиот во низата разговори на климатскиот собир КОП27 во Египет.

Елисејската палата додаде дека Руанда и Габон на собирот изразиле интерес за преземање чекори за заштита на шумите и природните резерви на јаглерод.

Филантропската организација на Безос досега 30 отсто од нејзините 10 милијарди долари ги намени за зачувување на природата и трансформација на системите за храна.

Фондацијата на милијардерот, чија компанија често е критикувана поради нееколошки пракси и работни услови, на овогодишниот собир на Обединетите Нации сака коалиција со африканските и европските држави да ги засили напорите за обновување на почвата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски