Јонхап – Сеул
Островот Џиндо е најпознато по песот Џиндо, оригинална сорта ловечки кучиња, но островот нуди и многу други нешта.
Секоја пролет, десетици илјади посетители доаѓаат на овој остров лоциран на југозападниото крајбрежје на Јужна Кореја, со кошници, мотики, коси и со батериски лампи. Групи „азуми“, или средовечни мажени жени, изгледаат како пионерите од калифорниската златна грозница. Внимателните родители на децата им обуваат водоотпорни чизми, и постојано ги повторуваат правилата за безбедност. Корејците кои живеат надвор од татковината се смеат додека прават смешни пози и се сликаат со умни телефони прикачени на палки.
Сите се подготвени за толку очекуваната „ископувачка авантура по морска храна“ на островот Џиндо.
Ова е вистинско време за годишниот Џиндо морски фестивал, кој некогаш се нарекува и „Фестивал на морските чуда“ – кој е гордост за островјаните и населението од околините градови во провинцијата Јужна Џеола. Во организација на островјаните и локалната самоуправа на Џиндо, овој традиционален фестивал на морска гастрономија е еден од 10-те најпопуларни регионални фестивали на листата на Министерството за култура, спорт и туризам.
Овој крајбрежен фестивал вообичаено се отвoра во сеозната на процветување на почетокот на февруари според лунарниот календар. Годинава, фестивалот чекаше да бде отворен со процветувањето на црешите и цвеќињата канола, преплавувајќи го островот во розеви и живобојни светови. Веселиот настан се одржа од 7 до 10 април, и ја разби вообичаената тишина на плажите во Хоедонг. Малото крајбрежно село е лоцирано на југоисточниот крај од островот.
Главниот настан на овој приморски весел фестивал е природното чудо на разделување на морето, или попознато како „Корејска верзија на чудото на Мојсеј“. Морето не се поделило одеднаш како во библиската приказна за Мојсеј. всушност, тоа се повлекува околу еден час преку плимата и осеката, и остава голо морско дно кое е 2,8 км. долго и 40 метри широко. Во тој миг луѓето втрчуваат, почнуваат да копаат во мекиот влажен песок, и бараат морски школки, мали октоподи и други морски плодови.
-Не знам колку морски суштества ќе соберам, но ова е исклучително возбудливо, вели Ли Џи-хај, студент кој дошол дури од Гвангџу заради овој фестивал на плажа.
И покрај налудничавото копање и собирање, организаторите се исцрпуваат се додека не го повлечат дури и последниот „копач“ пред морето повторно да се соедини, тшо вообичаено се случува два пати во денот, наутро и попладне, во зависност од динамиката на плимата и осеката. Кога осеката се случува пред залезот на сонцето, времето за копање станува пократко, а собирањето морски плодови понапнато.
Часовите за забава на плажата се различни и зависат од плимата и осеката. Минатата недела, првиот ден осеката започна во 5 часот попладне, во четвртокот се случи во 5 и 40, а следните денови до недела беше во интервалот од 6 и 10 до 7 часот попладне.
Триесет минути пред почетокот, јато посетители се собираат под камената статуа на митската фигура Баба Понг и итгарот, а тоа е и почетната точка на забавата.
На ноаа камена знаменитост е прикажана локалната фолклорна приказна за Баба Понг и нејзините деца кои избегале од домот во селото Хоедонг, протерани од дивите тигри стрвни по човечко месо. Според преданието, бегалците успеале да изградат сплав и да отпловат на безбедно преку морето до островот Модо, но просторот на сплавот бил ограничен. Селаните ја оставиле бабата Понг, најстарата и најкревката од сите кои преживеале. Од тогаш, старицата секој ден му се молела на Небото да и помогне да се обедини со своето семејство пред да замине од овој свет. Инспирирани од искреноста на старицата, Небото му наредило на морето да се подели се од Хоедонг до островот Модо. Нејзиното семејство го разбрале ова чудо и поитале назад да ја спасат бабата Понг, но обединувањето било кратко. Бабата од исцрпеностпочинала во нивните раце. Од тогаш, наследниците на Баба Понг се сеќаваат на нејзиниот матријархат заради нејзината безусловна љубов и жртвување, што подоцна станало мотив за организирање на приморскиот фестивал.
Шетањето по откриеното порско дно не е само забава на фестивалот на Џиндо. Тој е откриен од многу љубопитни странци, кои се подготвени да откријат разни културни доживувања од прва рака, како што е сиркум, или традиционалното борење во Јужна Кореја, потоа дружење со малечките кученца Џиндо, и светкавиот прав во боите на виножитото.
Секој ден на фестивалот се одржуаат различни возбудливи настани, а меѓу најпосетуваните се шамански ритуали, меѓу кои Намдо Гутгеори, ритуалното Џиндо оплакување и Џиндо ситгумгут; потоа, традиционални музички изведби, како Ганганг Сулае, фолклорните песни на рибарите Џодо, песните на робовите Намдо и Џиндо џипбонгсан; туак се и настапите на Кеј-поп изведувачите и на други современи танцови.
-Мои омилени сцени се оние со натпреварот Џиндо Ариранг, и другите музички изведби на мали групи, вели Амбер Џонсон, 23-годишен чикажанец кој работи во градот Сеџонг веќе неколку месеци. Таа дознала за фестивалот преку Фејсбук страната на туристича агенција и решила да дојде со уште двајца пријатели.
На сцената со изведувачите од кеј-попот, Јужнокорејците биле одушевени од настапот на две професионални танчерки – Ејона Кедари од Грција и Тина Мосли од САД. Ова дуо во поголемиот дел од својата кариера биле придружни танчерки на ХјунА, членката на јужнокорејската женска група 4Минит. Тие биле придружни танчерки во „Палгаејо“ и „Затоа што сум најдобра“ изведени од ХјунА, и „Не постои утре“ од Траблмејкер. По танчерските кеј-поп настапи, дојде ред на натпреварот на глобален сиреум, каде посетителите од сите националности, пол и возраст биле поканети да се вклучат.
Во играта која се одржа во неделата, двајца странски натпреварувачи ја доведоа масата народ до еуфорија кога се појавија во рингот голи до половина. Млад кинез, мускулест маж со избричена глава и тетоважа со змеј на рамената, го стави синиот појас. Неговиот противник беше понзиок, темнокожест казахстанец со силни мускули, и тој го стави синиот појас. Изгледа дека двајцата не го разбираа коресјкиот јазик, но во овој спорт зборовите и не се многу важни.
-Ова е вистински светски натпревар или што?, викна водителот и налеа масло врз веќе зовриената маса гледачи.
Во следниот меч, Јужнокореец со слаби колкови и пуштено меше – наизглед на возраст меѓу четириесет и пеесет години – барем според брчките на вратот и „расшембавената маица“, односно бела маица од долен веш – победи момче на дваесетина годишна возраст во две рунди една по друга.
Јун Сук-џи, силна 40-годишна жена од Сеул, ја славеше победата над млада девојка која изгледа немаше ниту 20 години.
-Не може да се чувствувам подобро, изјави мајката на две деца додека ја примаше наградата: две вреќички со мешавина од житарки кои растат на плодната почва на Џиндо. Гордата мајка изгледа ќе се врати и следната година за ваков сиреум меч.
За оние кои мразат физичка работа – а таков има арем по еден во секое семејство – најомилени места се дружењето со животни во золошката градина и во шаторот за потопување на нозете во вода.
Неколку малечки Џиндо кученца трчкаат и цивкаат во големиот кафез. Овие прекрасни крзнести суштества мафтаат со опафчињата и со милите очиња гледаат кон посетителите. Со неодоливите муциња и шепи, малите Џиндо кученца се туткаат во нозете на луѓето, а тоа посетителите не можат да го избегнат.
Јокјук, или потопување на нозете во топла вода, можат да пробаат сите посетители, а цената на чиста крпа се плаќа илјада вони (0,87 долари).
За Јужнокорејците, потопувањето стапала е секогаш магичната формула за зовриениот ум и секојдневната налудничавост. Ништо не е подобро ставање на нозете во топла купка во студените вечери, посебно по еден час тензично собирање морски плодови.
На ѕидот од шаторот со топлата купка за нозе стои постер на кои пишува: „Удобни нозе прават удобен живот“.
На 38-иот годишен забавен настан дојда рекордни 590.000 посетители, од кои 85,000 излезе дека се странци.
Охрабрени од успешниот фестивал, општината Џиндо очекува следната година да дојдат повеќе нови посетители од целиот свет.
-Бев воодушевен кога видов колку многу луѓе се собраа заедно за да го прослават природниот феномен на вака убав начин, рече Боб Хјуз, наставник по англиски јазик во Гвангџу, кој е среќен што доживеал уште едно весело искуство во својот живот.