Јужнокорејските сили пукале врз дрон од Северна Кореја

Од:

Армијата на Јужна Кореја испукала денеска 20 предупредувачки истрели кон севернокорејски дрон, јави јужнокорејската државна агенција Јонхап.

Инцидентот се случил во реонот на демилитаризираната зона која ги разделува двете земји по граѓанската војна во почетокот на 50 години од 20-от век.

Јонхап, повикувајќи се на официјални јужнокорејски претставници, наведува вели дека по испуканите предупредувачки истрели. леталото се повлекло.

Властите во Сеул веруваат дека беспилотното летало, што долетало од Северот, се наоѓало во мисија за надгледување на границата.

Намерата била да се утврдат позициите на јужнокорејската армија, разместена во зголемен број во пограничниот реон, по минатонеделната нуклеарна проба што ја изврши Северна Кореја.

Денешниот инцидент доаѓа по средбата на јужнокорејската претседателка Парк Геун-хие со новинарите, на која таа побара од Кина да воведе „максимални остри санкции“ против властите во Пјонгјанг, по извршената проба на хидрогенската бомба.

Меѓународната јавност и Советот за безбедност на ОН остро ја осудија постапката на Северна Кореја, иако воени експерти се сомневаат дека навистина е извршена проба на мала хидрогенска бомба.

Повеќе се верува дека Севернокорејците извршиле нуклеарна проба, која не била доволно силна за да се предизвика термонуклеарна експлозија.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета