Јужнокорејска делегација во Кесон на историска церемонија за обнова на железничкиот сообраќај меѓу двете земји

Од:

Јужнокорејска делегација, утрово со воз, пристигна на официјална церемонија во севернокорејскиот пограничен град Кесон, со што официјално беше означен почетокот на проектот за соединување и модернизација на железничките линии и станици во Северна и Јужна Кореја.

Организаторите истакнаа дека церемонијата е симболичен настан, а не почеток на вистинска работа на проектот. На церемонијата учествуваа околу 200 луѓе – сто од Северна и Јужна, како и дипломати од Русија, Кина и Монголија.

Јужнокорејската делегација, предводена од министерот за транспорт Ким Хоунг-ми и министерот за обединување Чо Мионг-Кион, пристигна од Сеул еден час пред почетокот (10 часот по локално време) со посебен воз со 10 вагони. Делегацијата на Северна е предводена од претседателот на Комитетот за мирно обединување И Сон-гуон.

Сеул потроши 618.000 долари за настанот, главно за транспорт на делегациите, конструкција на сцената и аудио опрема. Вчера, Министерството за надворешни работи во Сеул објави дека Советот за безбедност на ОН дал специјална дозвола за изземање од санкциите против Пјонгјанг, што овозможи јужнокорејската делегација да патува со воз, како и увоз на потребните материјали во Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ