Јужноафриканското Обвинителство ќе се жали на пресудата на Оскар Писториус

Од:

Јужноафриканското Јавно обвинителство ќе поднесе жалба до Врховниот суд на пресудата на познатиот параолимписки атлетичар Оскар Писториус.

Жалбата не се однесува на висината на изречената затворска казна, туку на квалификацијата на кривичното дело, соопшти денеска Обвинителството во Преторија.

Во октомври годинава, Писториус беше осуден на пет години затвор за ненамерно убиство на својата девојка Рева Стенкамп, извршено минатата година во неговата куќа во Преторија.

Обвинителство уште во текот на повеќемесечниот судски процес инсистираше дека Писториус е виновен за „намерно убиство“ на Стенкамп, што се случило по нивната „бучна расправија“.

Судијата во процесот, не ги прифати тврдењета на обвинителството, објаснувајќи дека „нема доволно докази“ за намерата на атлетичарот да ја убие својата девојка.

Јавниот обвинител, сепак, остана на својот став, па по соопштувањето дека тој ќе може да поднесе жалба, изјави оти судијата Токозиле Масипа „погрешила при толкувањето на законот“ кога пресудила дека обвинетиот Писториус не пукал со намера да убие.

Одлуката по жалбата, која во основа ништо не менува околу должината на казната, се очекува да биде донесена во текот на идната година.

Писториус кому му се ампутирани двете нозе до подколениците, казната ја издржува во болницата на затворот во Преторија.

Во февруари минатата година, овој атлетичар, кој во Јужна Африка се смета за спортски херој, ја уби својата девојка, познат јужноафрикански фото модел и манекенка, пукајќи со пиштол низ затворната врата на бањата во неговата куќа. И при апсењето,а и во текот на судњето Писториус тврдеше дека ја убил Стенкамп по грешка, мислејќи дека во бањата се крие некој провалник.

Би можело да ве интересира

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Писториус префрлен во друг затвор

Ана Ололовска

Можно условно ослободување за Оскар Писториус

Ана Ололовска

Писториус повреден во затворска тепачка

Ана Ололовска

За повеќе од двојно зголемена затворската казна за Писториус

Наум Локоски

Оскар Писториус се повредил во затворскаата ќелија

Емир Латифовиќ