Јужноафриканскиот Тембу крал мора да оди во затвор

Од:

Јужноафриканскиот племенски крал Буиелекхаја Далиндиебо, мора да оди во затвор, на издржување на дванесетгодишната казна, откако Вишиот апелациски суд на земјата, ја одби неговата жалба.

Кралот е осуден за киднапирање, подметнување пожар и за физичко насилство. Судот во Јоханесбург наложи тој самиот да се пријави во полицијата, во следните 48 часови, за да не биде уапсен и насила одведен во затворската ќелија.

Кралот Далиндиебо доаѓа од етничката (племенската) група Тембу, на која и припаѓаше и поранешниот јужноафрикански претседател и најпознат борец против апартхејдот, Нелсон Мандела.

Далиндиебо е првиот племенски крал во Јужна Африка кој е осуден на затврска казна, по воспоставувањето демократија во земјата, во 1994 година.

Неговиот случај се провлекува низ судовите, безмалку, 20 години.

Крлот на Тембу е осуден за киднапирање на една жена и нејзините шест деца, за палење и уништување на нивната куќа и за претепување на децата. Едно од нив умрело, како последица на повредите од претепувањето.

Целото ова насилство врз едно селско семејство, била оправдувано затоа што еден нивни роднина одбил да се појави пред племенскиот суд на кралот Далиндиебо.

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

A1on

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска