Јужноафриканската опозиција денеска соопшти дека покренува постапка за импичмент против претседателот на државата Џејкоб Зума.
Соопштението доаѓа само 24 часа по оценката на Уставниот суд на Јужна Африка дека актуелниот претседател го прекршил Уставот на земјата, со своето одбивање да и ги врати на државата парите, што од буџетот ги користел за обнова и модернизација на својот приватен имот.
– Не може да ги имаме заедно во Парлментот, Зума и Уставот, затоа што очигледно е дека двете работи не одат заедно, изјави во Јоханесбург, лидерот на најголемата опозициска партија Демократска Алијанса, Муси Маимане.
Распоредот на силите во Парламентот, меѓутоа, остава малку надеж за спроведување на импичментот, затоа што владејачкиот Африкански национален конгрес (АНЦ) на Зума има големо мнозинство.
Единствена надеж за да се покрене постапката за отповикување на претседателот, е да се обебзеди поддршка од некои од бројните фракции на нездоволници во владечката партија.
АНЦ е на власт во Јуѓна Африка од падот на апартхејдот во 1994 година и изборт на Нелсон Мандела за првиот црнечки претседател на оваа земја.
Опозициската Демократска алијанса побара оставка и од спикерот на Парламентот, затоа што Уставниот суд пресуди дека вина за случајот Зума има и Парламентот на земјата.