Јужна Кореја денеска соопшти дека се воспоставени првични контакти со Северна Кореја преку обновената прекугранична комуникациска линија.
Јужнокорејското Министерство за национално обединување соопшти дека Сеул и Пјонгјанг имаат воспоставено врска преку комуникацискиот канал во пограничнотo село Панминчжон. Вработените прво проверуваат дали комуникациските линии работат добро.
Државната телевизија на Северна Кореја претходно јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун издал наредба одамна затворената „жешка линија“ со Јужна Кореја повторно да биде воспоставена.