Јужна Кореја запленила брод кој шверцувал нафта во Северна Кореја

Од:

Јужнокорејските власти соопштија дека минатиот месец заплениле брод за кој се сомневаат дека пренесувал бензин за Северна Кореја. Бродот пловел под знаме на Хонг Конг.

Оваа информација доаѓа по обвинувањето на претседателот на САД, Доналд Трамп дека Кина скришно ѝ испорачува нафта на Северна Кореја и ги крши меѓународните санкции.

Запленетиот брод се викал „Лајтхаус Винморе“, а според Јужна Кореја со него биле испорачани повеќе од 600 тони рафинирана нафта.

Санкциите се кршат на отворено море, при што бродови кои носат забранета стока за Северна Кореја се сретнуваат со севернокорејски бродови и вршат трансфер на стоката, по што севернокорејските пловила се враќаат во некое од пристаништата во земјата.

Фотографии направени од страна на американски сателити укажуваат дека во изминатите три месеци кинески бродови 30 пати се сретнале со севернокорејски бродови на отворено море и извршиле трансфер на нафта.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ