Јужна Кореја и предложи на Северна Кореја преговори за намалува на тензиите на границата и обновување на средбите на разделените семејства.
Јужнокорејското Министерство за национална одбрана предложи преговорите за прекин на непријателските дејствија на границата да се одржат в петок.
Тоа би биле први разговори меѓу Јужна и Северна Кореја на владино ново од крајот на 2015 година.
Предлогот покажува дека новиот претседател на Јужна Кореја, Мун Џае-ин сака да ги подобри односите со Пјонгјанг и покрај неодамнешното севернокорејско тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.
За сега нема одговор од Северна Кореја.