Јужна Кореја: Северна Кореја и САД ќе ги продолжат преговорите најдоцна до декември

Од:

Северна Кореја и САД би можеле да одржат уште еден круг преговори кон средината на ноември, за да го забрзаат напредокот пред истекот на рокот до крајот на годината, што го одреди Пјонгјанг, изјави денеска јужнокорејскиот пратеник Ли Еун-Џaе.

Севернокорејските и американските официјални претставници се состанаа во Стокхолм минатиот месец, првпат откако американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун се согласија во јуни повторно да започнат преговори за денуклеаризација, но во Шведска тие беа прекинати, додека претставникот на Пјонгјанг рече дека САД не покажале флексибилност.

– Се очекува двете страни да се состанат најдоцна до почетокот на декември за да ги започнат преговорите пред истекување на рокот до крајот на годината, кој го одреди севернокорејскиот лидер, рече јужнокорејскиот пратеник Ли по брифингот на Националната разузнавачка служба (НОС).

Тој рече дека НОС очекува преговорите да продолжат овој месец или најдоцна до почетокот на декември.

Амбасадата на САД во Сеул засега не одговори на барањето за коментар.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ