Северна Кореја ги заврши подготовките за нова нуклеарна проба, јави јужнокорејската агенција Јонхап.
Според извори од јужнокорејската Влада, Северна Кореја може да изврши нов нуклеарен обид во досега неискористен тунел на нукларен полигон во планина.
– Има знаци дека Северна Кореја ги завршила подготовките за нуклеарен обид во третиот тунел, кој не е искористен досега, изјави извод од јужнокорејската Влада.
Тој не прецизираше какви активности се одвиваат на нуклеарниот полигон „Пунге-ни“ близу до северноистичното крајбрежје на Северна Кореја, каде беа извршени досегашните пет нуклеарни проби.
Во петокот, Пјонгјанг ја направи најголемата досега нуклеарна проба и објави дека успеале да монтираат боева глава во балистичка ракет.
Освен тоа, Пјонгјанг, вети дека ќе ја зајакне нукеларната моќ.
Специјалниот пратеник на САД за Северна Кореја, Сун Ким, ќе го посети Сеул денеска, по средбата со јапонските претставници во Токио за соработката меѓу САД и Јапонија по повод нуклеарната проба на Северна Кореја.
Јонхап јави дека американските воени сили го одложиле летот на бомбандерот Б-1Б до Корејскиот полуостров за најмалку 24 часа, поради лошите временски услови во Гуам.
Како што наведе јужнокорејската агенција, САД планира да испрати два бомбардери Б-1Б, со цел да демонстрираат сила по петата нуклеарна проба на Северна Кореја во петокот.