Јужна Кореја ги ослободи и ги врати тројца севернокорејски морнари, кои ја преминале границата, соопшти неименуван претставник од Министерството за одбрана на Јужна Кореја.
Тој истакна дека е „утврдено дека нема индиции оти тројцата морнари сакале да се инфилтрираат“.
Морнарите се предадени на севернокорејските власти на морската граница.
Јужнокорејските власти пресретнаа брод откако забележале бела крпа на јарболот, што е обично знак дека патниците на бродот сакаат да пребегнат во Јужна Кореја.
За време на испитувањето, морнарите изјавија дека истакнале бела крпа за да избегнат евентуална штета и оти по грешка ја преминале границата. Тие навеле и дека сакаат да се вратат во Северна Кореја.