Јужна Кореја ќе тестира 200.000 членови на верска заедница за коронавирус

Од:

Јужнокорејските здравствени власти соопштија дека планираат да направат тестирање кај повеќе од 200.000 членови на верската група Шинчеонџи, која е центар на епидемијата на коронавирус во земјата, каде што има 977 заразени.

Околу 68 отсто од јужнокорејските случаи се поврзани со верската заедница Шинчеонџи во која 61-годишна жена го прошири коронавирусот, но и натаму не е познато како таа се заразила.

Јужна Кореја јави за десетиот смртен случај од вирусот наречен Ковид-19, додека Корејскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти за 144 нови случаи на заразени од коронавирус.

Голем број од новите случаи се забележани во југоисточниот град Даегу, каде што се наоѓа заедницата Шинчеонџи.

Јужнокорејскиот претседателот Мун Џае-ин ја оцени ситуацијата како многу тешка за време на првата посета на овој град од почетокот на епидемијата и рече дека идната недела ќе биде клучна во борбата против коронавирусот.

Водачот на верската група рече дека се согласил да ги даде имињата на своите членови на властите во Јужна Кореја.

Според локалните медиуми, нивниот број изнесува околу 215.000.

Владата ќе спроведе тестови за коронавирус кај сите членови, откако ќе го добие списокот.

„Важно е да се тестираат сите членови за да се спречи ширењето на вирусот и да се смири загрижената јавност“, се наведува во соопштение од Кабинетот на премиерот.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

Јужнокорејските истражители не успеаја да го уапсат суспендираниот претседател