Јужна Кореја ја продолжува вакцинацијата со „Астра зенека“

Од:

Јужна Кореја продолжува со имунизација на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“ и процесот ќе продолжи како што е претходно планирано. На лицата помлади од 30 години нема да им се дава оваа вакцина, соопшти Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).

На 7 април Агенцијата објави дека ја прекинува употребата на вакцината на Астра Зенека за лица помлади од 60 години, откако Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека постои поврзаност меѓу препаратот и случаите на тромбоза. Премиерот на земјата, Чанг Саи-кин им наложи на здравствените институции детално да ги испитаат материјалите на ЕМА околу ова прашање.

Одлуката за продолжување на вакцинацијата се заснова на ставот дека придобивките од вакцината се поголеми од можните несакани ефекти.

Донесена е одлука да не се користи вакцината на Астра Зенека кај лица на возраст под 30 години без хронични болести, бидејќи, според ЕМА, ризикот од појава на несакани ефекти ги надминува можните придобивки од вакцинацијата.

Претходно е соопштено дека јужнокорејските власти планираат да вакцинираат 12 милиони луѓе во првата половина на 2021 година. Вакцинациите започнаа кон крајот на февруари, а Астра Зенека беше првата вакцина која ја примија пациенти и персоналот во болниците и домовите за стари и изнемоштени лица. Од крајот на март, според одлуката на здравствените власти, лицата на возраст меѓу 65 и 75 години се вакцинираат со Астра Зенека, а оние над 75 години со Фајзер.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот