Јужна Кореја и САД почнаа заеднички вежби, Ким Џонг Ун се заканува: Ќе ве претворам во пепел

Од:

Јужна Кореја и САД денеска ги почнаа годишните воени вежби и покрај заканите од Северна Кореја која се заканува дека може да извржи нуклеарен напад како одговор на вежбите кои ги смета како подготовка за инвазија.

Во соопштението што го објави Северна Кореја, се наведува дека Сеул и Вашингтон ќе ги претвори во „куп пепел“ ако покажат знаци на агресија кон Пјонгјанг, пренесоа француските медиуми.

Вежбите, што ќе траат две недели, во голема мера се компјутерски симулирани, а во нив се вклучени околу 50.000 јужнокорејски и 25.000 американски војници, наведуваат француските медиуми.

Јужнокорејското Министерство за обединување изрази „големо жалење“ за предупредувањето од нивниот северен сосед, наведувајќи дека вежбите со американските војници се од одбранбен карактер.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета