Јужна Кореја го отфрли повикот на Пјонгјанг за дијалог

Од:

Јужна Кореја денеска го отфрли повикот на Северна Кореја за дијалог, нагласувајќи дека Пјонгјанг мора итно да прекине со провокациите и да преземе „искрени“ чекори кон денуклеаризација, јави Јонхап.

Северна Кореја во неделата ја спомена потребата од преговори првпат откако Советот за безбедност на Обединетите нации усвои нова резолуција со санкции минатиот месец, како реакција на нуклеарната проба што Пјонгјанг ја изврши во јануари и лансирањето на ракета во февруари.

– Ја повикуваме Северна Кореја итно да прекине со провокациите и заканите и да почне со преземање мерки за денуклеаризација, базирани на сфаќањето дека всушност тоа е единственото решение, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Тој додаде дека се додека Северна Кореја не покаже волја и подготвеност за откажување од нуклеарната програма, Јужна Кореја и остатокот од светот ќе продолжат со притисокот врз неа.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета