Јужна Америка: Снегот однесе 5 животи

Од:

Најмалку пет лица загинаа во Јужна Америка поради студениот бран, кој уништи и повеќе илјади грла стока, соопштија властите.

Во снежното невреме кое ја зафати Боливија починаа три лица, додека илјадници семејства се загрозени поради големиот пад на температурата во текот на викендот.

Две од жртвите биле фармери, кои загинале во регионот Анкомиља, соопшти локалното официјално лице Хаим, Чок.

Министерството за одбрана на Боливија соопшти дека вчера, во обид да ги спаси своите домашни животни, во селото Хуајљас во регионот Кочабамба, загинало уште едно лице.

Снежното невреме ги блокира патиштата во четири од деветте области во државата, односно 15 општини се наоѓаат под снег поради што загрозени се 3.500 домаќинства, пренесе „Франс прес“.

Властите ги повикаа фармерите да ги запалат починатите животни, за да се спречи нелегалната продажба на месото.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

A1on

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска