Јужен Судан: Стотина лица загинаа поради кражба на добиток

Од:

Наоружени бунтовници убиле повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи жени и деца, во кражбата на добиток, што се случи во Јужен Судан.

Гувернерот на државата Јонглеи во која се случил нападот, Kuol Manyang Juuk рекол дека во нападот настрадале 103 луѓе, од кои седумнаесет бунтовници и 14 припадници на јужносуданската војска СПЛА.

Goi Joyul, од областа Акобо изјави дека нападот се случил во текот на годишната преселба, кога членовите од етничката група „Lou Nuer“ го воделе добитокот до реката Собат.

Тој додал дека преживените изјавиле дека бунтовниците користеле гранати, мачети и копја, па на тој начин ја совладале војската која ги пратила луѓето.

Joyul верува дека се работи за членови на бунтовничка група, која ја води David Yau Yau.

-Напаѓачите го одведоа добитокот, а пријавено е дека стотина жени и деца не се вратија во селото – изјави тој и додаде дека околу 3.000 луѓе заминувале од градот со добиток пред да се случи нападот.

Во јануари 2011 година во сличен судир загинаа повеќе од 2.500 луѓе.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска