Јужен Судан: Дванаесет лица убиени во напад на конвој на ОН

Од:

Пет индиски припадници на армијата на Обединетите нации и најмалку седум цивили денес се убиени во напад на бунтовници врз конвој на ОН, за кој властите во Јужен Судан веруваат дека имаат поддршка од Судан.

Портпаролот на јужносуданската армија, Филип Агујер, за напад ги обвини борците кои ги предводи Дејвид Џау Џау, против кого домашната армија се бори со месеци.

Главната пратеничка на ОН за Јужен Судан, Хилде Фрафјорд Џонсон, изјави дека се убиени пет припадници на војската и седум цивил, кои соработувале со мисијата на ОН.

Таа додаде дека девет војници и цивили се повредени, а неколкумина се водат како исчезнати.
Јужен Судан потпиша примирје со Судан 2005 година, по повеќе децениска војна, а 2011 година формира сопствена држава.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун денес остро го осуди нападот на конвојот на мисијата на ОН и истовремено ја повика владата на Јужен Судан да ги пронајде и повика на одговорност виновниците за нападот.

-Генералниот секретар подсетува дека убиство на мировници е воено злоаторство и спаѓа во јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд, изјави претстаник на Бан Ки Мун.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска