Јункер: Време е жена да биде на чело на Европската комисија

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека е „крајно време жена да биде на чело на Европската комисија“.

Тој вели дека мажите веќе ја искористиле „својата шанса“, со оглед на тоа дека од основањето на ЕК во 1958 година сите претседатели биле мажи.

Изјавата на Јункер е во контекст на медиумските известувања, според кои данската политичарка Маргрете Вестагер е во најтесниот избор за нова претседателка на ЕК.

Вестагер, која припаѓа на Сојузот на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ), четврта група по големина во Европарламентот, исто така, се заложи за родова урамнотеженост.

– Одамна требаше да има жена за шеф на Еврокомисијата на ЕУ, еврокомесарката за конкуренција Вестагер.

Изборот на претседател на Европската комисија зависи од резултатите од изборот за Европарламент, кои ќе бидат одржани од 23 до 26 мај. Нов претседател на Комисијата ќе биде од групацијата која ќе добие најмногу гласови.

Би можело да ве интересира

Европската Комисија подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови