Претседателот на Европска комисија Жан Клод Јункер денеска изјави дека е потребно да се случи чудо за да се постигне доволен напредок до крајот на октомври во преговорите на Европска унија со Велика Британија.
– До крајот на октомври нема да имаме доволен наредок. Кажувам дека нема да има доволен напредок од овој миг до октомври освен ако не се случи чудо, посочи Јункер по доаѓањето на самитот на ЕУ во Талин.