Јункер се правда во однос на привлекувањето на странскиот капитал во Луксембург

Од:

Еден ден по повторно добиената доверба од Европскиот парламент, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во интервјуто за париски „Ле Монд“ се навраќа на аферата „ЛуксЛикс“ (планот за привлекување на капиталот во Луксембург на бројни светски компании). Поранешниот премиер на Луксембург, притоа вели „Да, јас би го сторил истото, моравме да ја диверзифицираме нашата економија, немавме друг избор“, јави дописникот на МИА од Париз.

На почетокот на ноември, повеќе медиуми меѓу кои и париски „Ле Монд“ го обелоденија системот за избегнување на плаќањето данок организиран од Луксембург, афера која го доби името „Лукс Ликс“.

Новиот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер беше премиер на Луксембург од 1995 до 2013. Во интервјуто за „Монд“, тој ја презема одговорноста за планот на неговата земја да привлече странски капитал.

– Да, јас би го сторил истото, моравме да ја диверзифицираме нашата економија, немавме друг избор, објаснува Јункер. За да го оправда тоа, тој посочува дека неговата земја зависела многу од производството на челик, сектор кој е во криза од 70-те години.

Пред европратениците на 12 ноември, Жан-Клод Јункер беше јасен: – Јас не сум архитект на системот за оданочување на Луксембург, но политички сум одговорен.

Даночната политика во ЕУ е под надлежност наземјите членки, а не на Брисел.

Новиот претседател на ЕК, кој ја доби поддршката од мнозинството од европратениците на вчерашното гласање во Стразбур (461 европратеник гласаа против предлогот на крајната десница за недоверба), сега ветува дека неговата Комисија ќе предложи мерки кои одат во насока на хармонизација на даночната политика. Јункер притоа потсетува дека Комисијата ја поддржува таксата врз финансиските трансакции.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска