Јункер: САД не можат толку едноставно да се повлечат од Париската спогодба за климата

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп да не ги повлекува САД од Париската спогодба за климата, јави ДПА.

Во Берлин на дебата за иднината на Европа, Јункер изјави дека Американците не можат едноставно да ја напуштат спогодбата и оти за тоа би биле потребни години.

– Ако во следните часови или денови американскиот претседател каже дека сака САД да се повлечат од Париската спогодба, Европа е должна да каже: Не е во ред вака да се постапува, нагласи претседателот на ЕК.

Трамп изјави дека оваа одлука ќе ја објави денеска попладне.

Јункер нагласи дека климатските промени ставаат во ризик 83 држави да исчезнат од мапата на светот, поради зголемувањето на нивото на морињата.

– Не станува збор само зa иднината на луѓето во Европа, туку и за иднината на целото човештво, посочи претседателот на ЕК.

Тој го предупреди американскиот претседател дека не може да биде толку лесно, како што тој мисли, да се повлече од договорот. Де фактo на Вашингтон му требаат три до четири години да се повлече од спогодбата, рече Јункер и посочи дека идејата САД „едноставно да исчезнат“ од зделката е погрешна.

Би можело да ве интересира

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес