Јункер: САД ја загубија силата како меѓународен актер, време е ЕУ да го земе водството

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изјави дека САД под водството на Доналд Трамп изненадувачки брутално отстапуваат од мултилатералните односи и пријателската соработка.

По одлуката на Трамп за повлекување од иранскиот нуклеарен договор, Јункер рече дека САД повеќе не сакаат да соработуваат со другите делови од светот, па затоа е време ЕУ да го преземе водството.

„Во моментот мора да ги замениме САД, кои како меѓународен актер ја изгубија силата, а поради тоа и нивното долгорочно влијание“, рече Јункер.

Вчера, американскиот претседател соопшти дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран и дека повторно ќе воведуваат санкции од највисок степен.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката