Јункер разочаран од начинот на избор на неговата наследничка

Од:

„Процесот не беше сосема транспарентен“ е коментарот што досегашниот прв човек на Европската комисија Жан Клод Јункер го даде за начинот на кој лидерите на Европската унија ја именуваа неговата наследничка на функцијата Урсула Вон дер Лајен.

Претседателот на Европската комисија во заминување упати остри критики за именувањето на неговата наследничка на високата функција, германската министерка за одбрана Урсула Вон дел Лајен, наведувајќи дека „процесот не беше транспарентен“, пренесуваат западните медиуми од неговата прес конференција во Хелсинки, на која додаде дека неговиот избор на функцијата, пред пет години, „бил изведен на транспарентен начин, по кампањата на европските избори“.

-За жал, тоа не стана традиција. Бев првиот и последен водечки кандидат, рече Јункер.

И многу други европратеници не го кријат разочарувањето од исходот на самитот на Европскиот совет на кој Урсула Вон дер Лајен одеднаш се појави како кандидат за прв човек на Комисијата. Многумина сметаат дека концептот „Spitzenkandidat“, сепак, требаше да ги демократизира изборните процеси во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он