Јункер пред средбата со Џонсон: Европа никогаш не го губи трпението

Од:

Европа никогаш не го губи трпението, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пред средбата со британскиот премиер Борис Џонсон посветена на Брегзит.

Денешната средба во Луксембург со Јункер ќе биде прва откако Џонсон ја презеде функцијата во јули.

Според најавите, Џонсон ќе му пренесе на Јункер дека Велика Британија не е подготвена да бара одложување на Брегзит после 31 октомври.

Секретарот за надворешни работи Доминик Рааб рече дека премиерот ќе истакна дека сака договор, но за тоа мора да има „одредена финалност“. Сепак, поранешниот министер Дејвид Гаук за Би Би Си истакна дека не постои детален план кој би бил алтернатива на спорниот заштитен мхенизам за ирската граница.

На работниот ручек во Луксембург ќе присуствува и преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барние, како и британскиот секретар за Брегзит Стив Баркли и британскиот преговарач Дејвид Фрост.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја