Јункер најавува казни за неисполнување на мигрантските квоти

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер се закани со покренување правна постапка против оние членки на ЕУ кои нема да ја исполната утврдената квота за прием на мигранти.

– Следната недела ќе се позанимаваме со прашањето дали да покренеме постапки за непочитување на договорот (за квотите). Се уште не е донесена одлука за тоа, но јас јасно кажувам дека сум за такви мерки, изјави Јункер за германскиот неделник „Шпигел“.

Со планот, што го објави Еврокомисијата во 2015 година, се предвидува сите земји членки на ЕУ да прифатат дел од 160.000 мигранти, во најголем дел од Сирија, Еритерја и Ирак, кои се наоѓаат во Грција и Италија, врз основа на утврдени квоти во зависност од нивната големина и економска моќ.

Меѓутоа, некои од источноевропските членки на ЕУ, првенствено Унгарија, Полска и Словачка, недвосмислено најавија дека нема да го почитуваат планот за прифаќање на мигранти.

Европската комисија досега во неколку наврати најави дека нема да го толерира непочитувањето на планот и на земјите им остави рок до јуни да почнат со прифаќањето на мигранти согласно утврдените квоти. Комисијата веќе најави дека ќе следат санкции за оние кои нема да го почитуваат планот.

Јункер во изјавата за „Шпигел“ нагласува дека и тој самиот веќе „губи трпение“, додавајќи дека преземањето на „драстичната мерка за покренување правна постапка, има за цел на сите да им достави до знаење дека одлуките кои се донесени мора да се применуваат, дури и кога сте гласале против нив“.

– Овде станува збор за европската солидарност, која не треба да претставува еднонасочна улица. Собраќајот мора да се одвива во два правци, порача Јункер.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски