Јункер на итна операција

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го прекина одморот и итно ќе биде опериран, соопшти Европската комисија.

Јункер мораше да го скрати одморот во Австрија од медицински причини, стои во соопштението на комисијата.

Тој е префрлен во Луксембург каде што итно ќе биде подложен на холецистектомија, хируршко отстранување на жолчната ќеса, извести Брисел.

Поранешниот премиер на Луксембург, Жан Клод Јункер на чело на Европската комисија е од 2014, а мандатот му истекува на крајот на октомври.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски