Јункер ја повика Вишеградската четворка на вечера за помирување

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер испрати писмо до Вишеградската четворка со кое ги повикува на вечера за помирување, со цел да се намалат тензиите меѓу групата и богатите западни земји.

Во писмото, упатено до четворицата лидери на Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, Јункер ја нагласи важноста на единството на Европската унија, кое е ранливо поради судирите во однос на миграцијата, Брегзит и останатите проблеми.

Додека Прага и Братислава заземаа горе-долу умерена позиција, Варшава и Будимпешта се во постојани судири со Европската комисија, како и со „големите сили“ во ЕУ – Франција и Германија, поради, како што наведува Унијата, нивното игнорирање на демократските права.

Јункер, предложи вечерата за помирување да се одржи на 18 октомври, ден пред самитот на ЕУ, што е закажан за 19 и 20 октомври, а како причина за состанувањето, тој го наведе градењето на уште посоединета, појака и подемократска Европа, и покрај Брегзит.

– Верувам дека зачувувањето на единството на 27 земји-членки во овој процес е од најголемо значење, напиша Јункер.

Источните европски земји, особено Унгарија и Полска, одбиваат да ја прифатат програмата на ЕУ, со која сите земји-членки треба да ги примат мигранти кои пристигнале во Европа по масовниот бран во 2015 и 2016 година, особено муслиманите од Блискиот Исток и од Африка.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ