Стремежот на Каталонија за независност е „катастрофа“, против која ќе се бори Европската унија со цел да го поддржи единството на Шпанија, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
– Каталонија е огромна грижа. Не ми се допаѓа ситуацијата што ја предизвика. Тоа е катастрофа за повеќе работи. Ги поткопа политичките односи, ги раздели шпанските и каталонските граѓани, предизвика проблеми во семејствата, меѓу пријателите. Тоа е тажно, нагласи Јункер.