Јункер: ЕК ќе ја почитува одлуката за независност на Каталонија

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави дека Комисијата ќе го „испочитува“ позитивниот исход од референдумот за независност на Каталонија, нагласувајќи дека таа не треба да очекува оти ќе стане членка на ЕУ веднаш по гласањето.

– Комисијата не се вклучува во интерни, домашни дебати, истакна Јункер, додавајќи дека дискусијата за референдумот во Каталонија е хипотетичка бидејќи Шпанија не го признава гласањето.

Тој објасни дека доколку Каталонија се отцепи од Шпанија ќе мора да почне да ја следи истата процедура за пристапување кон ЕУ, како и членките кои се примени во 2004 година.

Претставници на Каталонија соопштија дека на 1 октомври во автономната област ќе биде одржан референдум за независност, додека шпанскиот премиер Мариано Рахој потенцираше дека „по секоја цена“ ќе го спречи спроведувањето.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он