Јункер: Една од моите најголеми грешки е отсуството на ЕУ во кампањата за Брегзит

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска рече дека една од најголемите грешки во мандатот му била што го послушал тогашниот британски премиер Дејвид Камерон, ЕУ да не се меша во кампањата за референдумот за излез на Велика Британија од Унијата.

-Премногу го слушав Камерон. Само ние можевме да ги негираме лагите, кои се користеа во кампањата, додаде Јункер.

Запрашан за оценка на последните случувања, тој рече дека Велика Британија може да остане, а може и да ја напушти ЕУ.

-Горд сум што успеавме да ја задржиме Грција во еврозоната. Грците, главно најсиромашните, покажаа издржливост, вели тој.

-Научив од интервјуто на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека сме во добри односи. Орбан секогаш ме изненадува – вели дека било грешка да ја преземам функцијата претседател на ЕК поради британското спротивставување своевремено. Тој не требаше да биде избиран од Унгарците, изјави Јункер на прес-конференција, која траеше околу еден час.

-Полска има место во срцето на Европа,таму се случи движењето Солидарност и тоа не треба да се заборави. Иако имаме разлики со полската Влада, некогаш ќе успееме да ги решиме отворените прашања. Европа е изградена од луѓето, а не од владите, рече претседателот на Европската комисија.

-Мора да се бориме со популистите и екстремистите, но не со лични напади. Бројот на таквите напади се зголемува и тоа е нешто ново. Треба да се бориме со активности, да им кажеме на Европејците дека имаат причина за надеж и не многу можности за тревоги, оцени Јункер.

Според него, подемот на националистите и популистите не би требало да се објаснува само со незадоволството од Европа, но и со неуспесите од националните политики.

По повод крајот на мандатот тој забележа дека ЕК ги намалила за 75 отсто поднесените предлог-закони, ЕУ успеала да се опорави од економската криза, да ги зголеми платите, а инфлацијата да е во разумни граници.

-Треба да ги решиме проблемите кои навистина се важни на европско ниво. Нема да успееме ако сакаме да се занимаваме со сé, рече Јункер.

Тој нагласи дека не ја исклучува можноста за промена на европските договори, но инсистираше на тоа дека и со важечките текстови може да се постигнат многу промени, ако има волја.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп