Јункер: Ако Турција ја врати смртната казна, тоа ќе значи крај на преговорите со ЕУ

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер потврди дека ако Анкара ја врати смртната пресуда, тоа ќе биде сериозна пречка за државата да стане членка на Европската унија.

– Ако смртната пресуда биде воведена одново во Турција, тоа ќе значи и крај за преговорите на државата – изјави Јункер за Билд, зборувајќи притоа за „црвената линија“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека очекува парламентот да одобри враќање на смртната казна по референдумот во април за проширување на овластувањта на претседателот. Тоа беше првпат Ердоган да го повика парламентот да одобри враќање на смртната казна.

Од друга страна Јункер порача дека таков потег би бил на штета за Турците.

– Членството на Турција ќе биде невозможно ако случајот е таков, но не поради Европејците туку поради недостигот од желба кај Турците да воведат европски стандарди – додаде Јункер.

Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел е уште потврд во ставовите за Турција.

– Денес сме подалеку од кога било досега со членството на Турција во ЕУ – изјави габнриел за Шпигел.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва