Јункер: Ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници

Од:

Поранешниот претседател на Европската комисија (ЕК) и долгогодишен соработник на германскиот канцелар Хелмут Кол, политичарот од Луксембург, Жан-Клод Јункер (71), ги предупреди лидерите на Европската Унија дека ќе бидат губитници ако му се додворат на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Можете да направите сè, но ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници. Наместо тоа, мора да му пристапите со крената глава и под еднакви услови, предупреди Јункер (71), објави германскиот весник „Билд“.

Јункер потсети дека откажувањето на Трамп од дополнителните царини за осум европски земји кои се спротивставија на неговата намера да го преземе Гренланд по секоја цена покажа дека е подготвен да соработува со своите европски колеги ако дејствуваат самоуверено и едногласно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Никој не го видел новиот ирански лидер, Трамп се сомнева дека е воопшто жив

Америка го нападна клучниот ирански остров, Иран најави одмазда

Предраг Петровиќ

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Венс е скептичен во врска со американските напади врз Иран

Трамп: Нападите врз Иран ќе бидат уште поинтензивни следната недела