Јулија Навални: Ви благодарам, ова е вистинската љубов на луѓето

Од:

Јулија Навални, сопругата на починатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, Јулија Навални, им се заблагодари на илјадниците Руси кои со часови чекаа во ред за да го посетат гробот на нејзиниот сопруг, пренесува Ројтерс.

„Многумина се прашуваат зошто Алексеј се бореше толку напорно и никогаш не се откажа. Заради вас. За убавите, храбрите и чесните луѓе кои сега доаѓаат во бескрајна линија да се збогуваат со него“, напиша Јулија Навални на платформата X.

„Ви благодарам, ова е вистинската љубов на луѓето“, напиша Јулија Навални.

Илјадници приврзаници на Навални се собраа во московската населба Маржино на денот на неговиот погреб минатиот петок за да му оддадат почит на најпознатиот руски опозициски лидер, кој почина во казнена колонија на Арктикот на 16 февруари на 47-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Вдовицата на Алексеј Навални гласаше на руските претседателски избори во Берлин

Јулија Навални ги повика Русите да протестираат против Путин на денот на изборите

Вдовицата на Алексеј Навални: Се плашам дека погребот нема да помине мирно

Вдовицата на Навални во ЕУ Парламентот: Сакате да го победите Путин? Престанете да бидете здодевни