Вдовицата на Алексеј Навални: Се плашам дека погребот нема да помине мирно

Од:

Погребот на Алексеј Навални ќе се одржи утре во Москва, најави Јулија Навални и предупреди дека не е сигурна дали ќе помине мирно.

Кира Јармус, портпаролката на Навални, на 6. објави дека богослужбата ќе се одржи во црквата на иконата на Богородица во московскиот кварт Маржино, каде што порано живеел Навални. Лидерот на опозицијата потоа ќе биде погребан на гробиштата Борисов.

Соработниците на Навални велат дека Кремљ ги спречил нивните обиди да организираат посебна граѓанска комеморација во сала во која може да има повеќе луѓе, и дека еден ден претходно ги прекина плановите за погребување на Навални.

Кремљ ги негираше нивните обвинувања и соопшти дека нема никаква врска со споменатите аранжмани, пишува Ројтерс.

„Фактот што немаме граѓанска комеморација и што не можеме правилно да се збогуваме со Навални е вина на двајца – Владимир Путин и Сергеј Собјанин (градоначалникот на Москва). Оние од Кремљ го убиваа, го исмеваа, и се потсмеваа на мајка му. Сега му се потсмеваат на сеќавањето“, напиша Јулија Навални, неговата сопруга на социјалната мрежа Х.

За време на вчерашниот говор во Европскиот парламент во Стразбур, Навална напомена дека не знае дали ќе има апсења за време на погребот.

„Погребот ќе биде во петок. Не сум сигурна дали ќе помине без инциденти или пак полицијата ќе ги уапси оние кои дојдоа да се поздрават со мојот сопруг“, рече таа.

Сојузниците на Навални денеска објавија дека се блокирани сите нивни обиди да ангажираат погребна кола за да го донесат неговото тело на погребот во Москва. Јармиш на X напиша дека непознати лица се заканувале на погребални фирми и затоа никој не се согласува да го пренесе неговото тело.

Иван Жданов, друг соработник на Навални, најави дека неговиот тим допрва ќе најде начин да го оствари тоа.

Навални почина на 16 февруари во затвор во северна Русија. Неговите сојузници го обвинуваат претседателот Владимир Путин дека го убил Навални бидејќи, како што тврдат, не можел да дозволи негово ослободување во потенцијална размена на затвореници.

За овие тврдења не објавија докази, но најавуваат дека ќе откријат кој и како го убил.

Кремљ го отфрла ова и истакнува дека Навални починал од природна смрт.

Неговиот тим денеска ги повика сите оние кои сакаат да му оддадат почит, а не можат да присуствуваат на погребот, утревечер во 19 часот по локално време да одат на одредени споменици во нивните градови. Судејќи според претходните собири на приврзаниците на Навални, се очекува големо присуство на полицијата и насилно растурање на насобраните.

Би можело да ве интересира

Вдовицата на Алексеј Навални гласаше на руските претседателски избори во Берлин

Јулија Навални ги повика Русите да протестираат против Путин на денот на изборите

Јулија Навални: Ви благодарам, ова е вистинската љубов на луѓето

Вдовицата на Навални во ЕУ Парламентот: Сакате да го победите Путин? Престанете да бидете здодевни

Јулија Навални бара од руските власти да и го предадат телото на нејзиниот сопруг на погреб

Горан Наумовски