Ватиканската конгрегација задолжена за испитување на кандидатите за светци, истакна дека полскиот папа, Јован Павле II најверојатно ќе биде канонизиран на церемонијата, која може да се одржи во декември.
Теолозите од Ватикан, во јуни на папата му препишаа второ чудо, за кое тврдат изворите дека може да го изненади светот.
За да некој биде прогласен за светец, мора да има две потврдени чуда, од кои првото е неопходно за беатификација, а таа пречка папата ја совлада шест месеци по смртта во 2005 година.
Тоа беше лекувањето на француската калуѓерка, Мари Симон-Пјер која се опорави од Паркинсовата болест, по молитвата на папата, а медицината за тоа нема објаснување.
Второто чудо, наводно се случи на денот на неговата беатификација на раскошната церемонија одржана на 1-ви мај 2011, на плоштадот Свети Петар, кога беше излекувана една жена од Костарика.
За да лекувањето биле официјално потврдено како чудо, тоа мора да биде моментално, трајно и без научно објаснување.
По добивањето зелено светло од ватиканската конгрегација мора да следи писмен декрет, кој треба да го потпише папата Франсис. Со декретот ќе биде одобрена канонизација на полскиот папа.
Елена Георгиевска