Јорданскиот крал Абдулах вети немилосрдна војна против Исламска држава како одговор на видео записот, на кој се гледа како заробениот јордански пилот е спален жив.
-Ние ја водиме оваа војна за да ја заштитиме нашата вера, нашите вредности и принципи, поради тоа нашата војна ќе биде немилосрдна за нив – рече кралот на состанокот посветен на безбедноста.
Оваа држава која е дел на коалициските сили предводени од САД, најави „одговор од кој земјата ќе се тресе“, поради убиството на јорданскиот пилот Муата ал Касесбех, кој беше заробен во декември кога неговиот воен авион „Ф16“ принудно слета на североисток на Сирија.
Портпаролот на јорданската влада Мохамед ал Момани изјави дека сите државни, воени и безбедносни агенции разгледуваат опции и дека тие ќе бидат соопштени кога за тоа ќе дојде момент.
Инаку јорданскиот пилот е прв припадник на коалициските сили за кого се знае дека го заробија и убија припадници на Исламска држава.
Е. Г.