Јордан со предлог-резолуција до СБ на ОН за прекин на конфликтот во Јемен

Од:

Јордан вчера поднесе предлог-резолуција до Советот за безбедност на ОН, со која се бара прекин на ескалирањето на конфликтот во Јемен, соопшти дипломат од светската организација.

Според дипломатот, со документот се повикува на оружено ембарго за одделни лица и ќе се стигматизира агресијата на шиитските бунтовници Хути. Со предлог-резолуцијата се бара и постигнување на политичко решение на конфликтот во Јемен и наоѓање начин за итни испораки на хуманитарна помош за населението.

Претходно, Советот за соработка на земјите од Персискиот залив предложи предлог-резолуција, со која се наложува оружено ембарго против Хутите. Во саботата Русија поднесе предлог-резолуција за „хуманитарен прекин“ на воздушните напади од страна на воената коалиција, предводена од Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен