Јоханис: Формирањето нова молдавска Влада чекор кон надминување на политичката криза

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека стапувањето на должноста на новата молдавска Влада е важен чекор кон надминување на политичката криза во земјата и подвлече дека стабилноста на Молдавија е важна за Романија и за Европската унија, пренесе агенцијата Аџерпрес.

– Преку одобрувањето на новата Влада, која за свој приоритет ја истакна проевропската опција, Молдавија направи важен чекор кон надминување на политичката криза. Стабилноста на оваа држава е важна како за Романија, така и за Европската унија, посочи шефот на државата.

Тој додаде дека новата Влада во Кишињев во претстојниот период ќе има многу работа, бидејќи е неопходно да се спроведат серија важни реформи.

– Внимателно го следам развојот на политичката сцена во Кишињев и нашите партнери ги уверувам во целата поддршка на Романија, забележа Јоханис.

Романија е решена да остане цврст поддржувач на европските стремежи на Молдавија, да ги поддржува неопходните реформи и активно да учествува во мобилизирањето на европската солидарност, кога тоа е неопходно, рече уште Јоханис.

Тој на новата Влада во Кишињев и посака успех.

Молдавскиот Парламент синоќа ја утврди новата Влада, предводена од Павел Филип, компромисниот кандидат од Демократската партија, предложен од претседателот  Николае Тимофти. Гласањето се одржа на одгласите на повеќеилјадните демонстрации пред законодавниот дом, што беа организирани од опозицијата. Некои демонстранти успеаја да упаднат во зградата на Парламентот. Во судирите настрадаа десетина лица.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Гаспром ја прекинува испораката на гас за Молдавија: „Ќе останеме без струја и греење“

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген