Јилмаз: Во Катар се гради турска воена база

Од:

Во Катар се гради турска воена база и истата ќе биде завршена за две години, изјави во Доха турскиот министер за одбрана, Исмет Јилмаз, цитиран од француските медиуми.

Тоа е првата турска воена база во регионот, посочи Јилмаз пред новинарите во рамки на изложбата за одбрана и безбедност ДИМДЕКС.

Јилмаз додаде дека спогодбата за изградба на базата ја одобрил турскиот Парламент.

Создавањето воена база е дел од пошироката спогодба во областа на одбраната, што Катар и Турција ја потпишаа на крајот од 2014 година.

И двете земји учествуваат во меѓународната коалиција за борба против Исламска држава, предводена од САД, потсетуваат француските медиуми.

– Ние сакаме да постигнеме соработка во областа на воената обука и да придонесуваме во стабилноста на регионот, рече Јилмаз.

Тој посочи дека катарски војници и авиони во моментов се наоѓаат во Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви