Јеремиќ: Во Сирија веќе има над 80.000 жртви на конфликтот

Од:

Бројот на жртвите на веќе двегодишната граѓанска војна во Сирија изнесува најмалку 80.000 лица, и е за околу 20.000 лица повеќе од почетокот на годината, изјави денеска претседателот на Генералното собрание на ОН, Вук Јеремиќ, цитиран од британските медиуми.

Високиот комесар на ОН за правата на човекот Нави Пилај на 2 јануари изјави дека над 60.000 лица биле убиени за време на востанието против сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Најмалку 80.000 лица загинале од почетокот на конфликтот, а како што се смета, поголемиот дел од овие жртви се цивили, изјави Јеремиќ пред 193-членото Генерално собрание пред гласањето на резолуција за сирискиот конфликт.

Опозициската организација Сириски центар за мониторинг на човековите права вчера соопшти дека најмалку 94.000 лица се убиени, но дека бројот на загинати веројатно е речиси 120.000 лица.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија