Јеменските провладини сили презедоа контрола врз теснецот Баб ал-Мандаб

Од:

Силите лојални на јеменскиот претседател во егзил Абд Рабу Мансур Хади денеска презедоа контрола врз стратегиски важниот морски теснец Баб ал-Мандаб, што досега го држеаа шиитските бунтовници Хути, соопштија воени извори.

Како што јави ДПА, воениот претставник кој побарал анонимност, изјавил дека на двете страни во судирите имало загуби.

Бунтовниците засега не ги коментираа ваквите тврдења на провладините сили.

Теснецот Баб ал-Мандаб ги поврзува Црвеното Море и Аденскиот Залив на Индискиот Океан. Аналитичарите проценуваат дека загубата на контролата над теснецот ќе ги ослаби позициите на Хутите, чии сили напредуваат кон третиот поголемина град во Јемен, Таиз.

Силите што го поддржуваат Мансур Хади, кој се наоѓа во егзил во Саудиска Арабија, војуваат против шиитските бунтовници Хути и армиските единици лојални на поранешниот шеф на државата Али Абдул Салех. Со цел да им помогне на провладините сили, меѓунардоната арапска коалиција, предводена од Саудиска Арабија, во март започна воздушни напади врз позициите на Хутите и одметнатите армиски сили во Јемен.

Но, и покрај ваквите воздушни напади Хутите во последниве месеци остварија значајни воени успеси, освојувајќи големи територии во јужен Јемен, а и натаму држат под контрола поголем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана.
Саудиска Арабија стравува дека преземањето на власта во Јемен од страна на Хутите, би ја засилило позицијата на Арапскиот Полуостров на нејзиниот главен регионален ривал – Иран.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

Хутите нападнаа брод во Црвеното Море, екипажот е евакуиран, се трага по исчезнат морнар