Најмалку 80 луѓе загинаа во жестоки судири меѓу провладини сили и шиитски бунтовници во изминатите два дена во јеменската провинција Ходеида, соопштија јеменски официјални лица.
Владините сили помогнати од коалиција предводена од Саудиска Арабија напредуваа во изминатите недели во таа област.
Најмалку 100 луѓе се ранети во борбите.
Судирите се интензивираа откако владините сили се обидоа повторно да го заземат пристанишниот град Ходеида каде живеат околу 600 илјади жители.