Пет членови на Ал Каеда се убиени на југоистокот на Јемен.
Од беспилотно летало било нападнато нивното возило во село во провинцијата Хадрамавт.
Во слични околности пред два дена се убиени уште двајца припадници на Ал Каеда, пренесува агенцијата АФП.
САД е единствената земја која има беспилотни летала во регионот, а нападите врз Ал Каеда во Јемен се засилени.