Хутитите од движењето Ансар Алах во Јемен денеска соборија разузнавачки авион на арапската коалиција предводена од САД и Саудиска Арабија, објави ТВ каналот „Ал Масира“.
Авионот бил соборен во градот Харед.
Во Јемен со години трае граѓанската војна помеѓу шиитските бунтовници Хути и меѓународно признаената Влада на претседателот Абд Рабо Мансур Хади.
Саудиска Арабија и нејзините сојузници од 2015 година интервенираат на страната на Хади, додека Хутите имаат поддршка од Иран.
Јемен е една од најсиромашните арапски држави, која се сочува со најголема хуманитарна криза предизвикана од војната.